Ливерпул подготвува нов спектакуларен трансфер: Слот добива уште едно големо засилување

Ливерпул може да има летен преоден рок од соништата, па по Флоријан Вирц и Џереми Фримпонг, може да ангажира и фантастичен напаѓач. Дарвин Нуњес и Луис Дијас се на излезна врата, па раководството на Црвените мора да бара решение.

Желбата на Слот е во дресот на Ливерпул да го види одличниот напаѓач на ПСЖ, Бредли Баркола. Дваесет и двегодишниот фудбалер има договор со Светците до 2028 година, но може да биде купен за 70 милиони евра, колку што изнесува и неговата вредност во моментов.

Баркола оваа сезона во дресот на ПСЖ одигра 50 натпревари со ефект од 21 гол и 19 асистенции, а ги освои и сите четири натпреварувања во кои учествуваа, вклучително и Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести