21.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Ливерпул подготвува одмазда за Реал: Со 100 милиони евра тргнува по потписот на Родриго!

Ливерпул низ годините изгуби многу битки од Реал Мадрид, барем кога се работи за трансфер пазарот. Последните „проблеми“ помеѓу клубовите настапаа со трансферот на Трент Александер-Арнолд, кој одби да го продолжи договорот само да се пресли на „Сантијаго Бернабе“.

Но, дали сега „црвените“ подготвуваат одмазда? Раководството на Ливерпул планира да испрати понуда за купување на Родриго вредна 100 милиони евра. Интерес за Бразилецот има и од Барселона, но тешко е за верување дека тој ќе се пресели на „Камп Ноу“.

Неговата следна дестинација се очекува да биде Премиер лигата, а освен од Ливерпул, интерес за неговите услуги има и од Арсенал и од Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести