-3.2 C
Skopje
петок, 27 февруари 2026

Ливерпул подготвува удар за Реал Мадрид: Со 100 милиони евра ќе го лови фудбалерот од средниот ред

Ливерпул беше меѓу екипите кои потрошија најмногу минатото лето, но резултатите оваа сезона изостанаа. „Црвените“ се далеку од одбрана на титулата во Премиер лигата, а раководството на клубот не планира да сопре со трошење.

Сега подготвуваат 100 милиони евра за фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, а Флорентино Перес тешко дека ќе ѝ одолее на оваа понуда.

Актуелниот шампион на Англија е подготвен да ја плати оваа сума за Едуардо Камавинга, фудбалер кој има договор до 2029 година, а во моментов се проценува дека вреди 50 милиони евра.

Тоа е двојно повеќе од неговата вредност, па од тука се и слатките маки на Флорентино Перес.

- Оглас -

Најнови вести