Ливерпул го победи второлигашот Саутхемптон со 2-1 во англискиот Лига куп, и тоа со голот на Уго Екитике во 85-тата минута, но францускиот интернационалец потоа направи глупост и беше исклучен.
Кога го постигна голот, тој истрча кон навивачите на Црвените, го соблече дресот и го покажа кон нив, но заборави дека веќе има жолт картон, па заработи уште еден, што автоматски значеше и исклучување.
Екитике за овој потег доби суспензија од еден натпревар и нема да биде во комбинација за мечот против Кристал палас, а Ливерпул подготвува и дополнителна казна за недисциплината.
Црвените ќе го казнат со две неделни плати, а тоа ќе го чини околу 500.000 евра.