Ливерпул подготвува „ѕвезден“ преоден рок: Двајца си заминуваат, двајца пристигнуваат на „Енфилд“

Ливерпул е убедливо прв на табелата во Премиер лигата и има седум бода повеќе од Арсенал, но раководството на клубот го подготвува еден од најскапите трансфер-периоди во историјата на клубот.

Веќе долго траат преговорите со Мохамед Салах, Трент Александер-Арнолд и Вирџил ван Дајк, за продолжување на договорите. Според информациите кои ги пренесуваат медиумите од Островот, голема е веројатноста Салах и Александер-Арнолд да го напуштат „Енфилд“, а нов договор да потпише само Ван Дајк.

Во тој случај планот на Ливерпул е да тргне по потписот на Александер Исак од Њукасл, фудбалер чија вредност се проценува помеѓу 120 и 150 милиони фунти, па Црвените ќе треба сериозно да го одврзат кесето. Тој би дошол како замена за Салах, а на местото на Трент Александер-Арнолд планирано е да биде ангажиран 19-годишниот дефанзивец од Борнмут, Дин Хујсен.

Тој има откупна клаузула од 50 милиони фунти, сума што нема да биде проблем да ја платат од Ливерпул, но проблем може да биде интересот од Челзи за Хујсен.

- Оглас -

Најнови вести