Ливерпул не личи на шампион на Англија и само по 75 минути игра, губи со 7:2 на гостувањето против Астон вила. Уште во првиот дел домаќините најавија дека ова ќе биде историски меч за нив, па по 45 минути водеа со 4:1, а прва ѕвезда во тимот е Воткинс со три дадени гола.
Астон вила во второто полувреме продолжи во ист ритам и со головите на Баркли и Грилиш стигнаа до 7:2 по 75 минути игра. Откако се игра Премиер лигата, ова е првпат Ливерпул да прими седум гола во еден меч.
Шест гола во мрежата на Ливерпул во Премиер лигата досега имаше дадено само Стоук, и тоа во мај 2015 година, во победата од 6:1.
6 – Liverpool have conceded six goals in a Premier League game for only the second time, also shipping six in a 6-1 defeat to Stoke in May 2015. Bonkers. #AVLLIV pic.twitter.com/k2jRyGFEzj
— OptaJoe (@OptaJoe) October 4, 2020