Ливерпул, Порто и Башакшехир мора да победат

Обложувалниците Sport Life според трите квоти на денот, најавуваат лесна победа на Ливерпул, и „двојки“ на мечевите во Франција и Германија, а ние како додаток во предлозите уфрливме по еден меч од турската и португалската лига.

 

Ливерпул – Хадерсфилд (21.00 часот)

Иако работите околу титулата не зависат од него, Ливерпул мора да си ја заврши домашната задача и потоа да чека кикс на Манчестер сити. Тука сè е јасно, победникот е познат однапред. „Црвените“ имаат шест победи по ред во Премиерлигата, а „фенерџијата“ Хардерсфилд е во „црна дупка“ и ги загуби последните седум мечеви. Хардерсфилд ги загубил сите мечеви против Ливерпул и не само тоа, туку нема дадено ниту еден гол.

Предлог тип: Т1 2-3 пол. (2.50)

 

Бордо – Лион (20.45 часот)

Бордо е само 14-ти на табелата и уште нема обезбедено опстанок, иако е прилично безбеден во моментов. Лион се бори за место во Лигата на шампионите и важи за фаворит на хартија, но и тие не се во којзнае каква форма. Бордо многу почесто играше нерешено и овојпат би се задоволиле со бод, но Лион е мотивиран после четири и пол години, да победи на гости во Бордо.

Предлог тип: Т2 2+ & ГГ (2.55)

 

Аугзбург – Баер Леверкузен (20.30 часот)

Двата тима имаат мини-серии од две победи по ред, што им помогна во трката за остварување на амбициите. Аугзбург полека бега од опасната зона, а „фармацевтите“ се доближуваат до позициите кои водат во Европа. Аугзбург никогаш не победил дома против Баер во лигашки меч.

Предлог тип: 2 &1+I &1+II (2.40)

 

Рио Аве – Порто (21.30 часот)

Порто нема друг избор освен победа, доколку сака да се бори за титула. Рио Аве има две победи по ред и се наоѓа во средина на табелата, без шанси за Европа или испаѓање. Кај домашните ќе го нема левиот бек Коентрао, а кај Порто неизвесен е друг поранешен играч на Реал, Пепе. И традицијата е на страна на гостите, кои кај Рио Аве последен пат загубиле во 2004 година.

Предлог тип: 2 & 2-3 (2.75)

 

Башакшехир – Гозтепе (19.30 часот)

Ова е многу важен меч за двата тима, но Башакшехир не би смеел да има милост кон гостите. Лидерот на табелата во последните три кола имаше победа, пораз и реми, па сега има само три бода предност во однос на Галатасарај, а Гозтепе има четири порази по ред и сега е претпоследен, но има шанси за опстанок. Башакшехир ја има најцврстата одбрана, а Гозтепе вториот најнеефикасен напад.

Предлог тип: 1 & 0-4 (1.60)

- Оглас -

Најнови вести