21.8 C
Skopje
петок, 15 август 2025

Ливерпул по долго време конечно ќе одигра меч без да прими гол?

2801 Нордсјиланд – ФК Копенхаген (18.00 часот)

По добро завршената работа против Малме во квалификациите за ЛШ, првакот на Данска денеска има обврска во домашната лига, и тоа против тим кој има три порази по ред откако победи во првото. Копенхаген загуби во минатото коло и иако тоа и не е толку страшно, не би било добро за нив да врзат два порази по ред против аутсајдери. Во минатата сезона, двата меѓусебни дуели на овие екипи завршија со победи на Копенхаген без примен гол.

Предлог тип: 2 (2.05)

 

1301 Жирона – Рајо Ваљекано (19.00 часот)

Со овој меч стартува новата сезона во шпанската лига. Кај Жирона повреден е напаѓачот Абел Руиз, поради смрт на татко му ќе го нема Стуани, па има шанси на терен кај домашните да се појави Бојан Миовски. Каталонскиот тим бараше овој меч да се игра подоцна бидејќи прогнозата е дека во 19 часот температурата ќе биде 32 степени, но Ла Лига ги одби. Во минатата сезона, лани во септември Рајо остана непоразен во Жирона, средбата заврши 0-0.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.20)

 

4200 Алдосиви – Белграно (20.30)

По четири кола во групата А од аргентинската лига, Алдосиви нема победа и со два бода е на последно место само со еден постгнат гол на тие четири меча. Белграно има 7 бода, а и тие се променливи, во последните три кола имаа победа, пораз и реми. И кај овој пар не треба да се очекува дожд од голови. Алдосиви победи на последниот домашен меч против Белграно, но тоа беше пред седум години.

Предлог тип: Х2 & 0-2 (1.90)

 

1701 Рен – Марсеј (20.45 часот)

Гостите од Марсеј имаат многу поквалитетен тим од Рен, а Марсеј е и во добра форма, што ја покажа на последната контрола кога со два гола на Обамејанг и еден на Гринвуд ја победи Астон вила со 3-1. Тешко дека може да го загрозат ПСЖ, но фаворити се за второто место во француската лига. Рен речиси на сите контролни средби летово и даваше и примаше гол. Минатата сезона двата меѓусебни дуели на овие екипи беа ефикасни со ГГ и 3+ голови.

Предлог тип: 2 & 2-5 (2.50)

 

1001 Ливерпул – Борнмут (21.00 часот)

Ливерпул, кој е актуелен првак на Премиер лигата и потроши најмногу пари за засилувања летово, одбраната на титулата ја почнува против клубот кој се богати од продажба на свои играчи. Еден од нив, левиот бек Керкез, премибна во Ливерпул. Црвените на хартија делуваат моќно, но загубија во Комјунити шилд од Кристал палас и покажаа дека имаат слабости, особено во одбраната. Борнмут е ослабен во однос на минатата сезона, а тие имаат серија од три меча по ред во кои не му даваат гол на Ливерпул. Сега е шанса за првакот конечно по 11 средби да одигра еден меч, официјален или пријателски, без да прими гол.

Предлог тип: 1 Сигурна (2.40)

- Оглас -

Најнови вести