Ливерпул постави уникатен антирекорд во Премиер лигата

Ливерпул доживеа нов тежок пораз во Премиер лигата откако загуби со 1-2 од Вулверхемптон во 29-тото коло. Победничкиот гол за последнопласираниот тим во лигата го постигна Андре во четвртата минута од судиското продолжение, носејќи три бода за домаќините.

Ова е петти пораз на Ливерпул во сезоната, кога тимот прими гол по 90-тата минута, што претставува уникатен рекорд во историјата на Премиер лигата, Ниту еден друг клуб не доживеал толку последноминутни порази во текот на една сезона.

Претходните слични неуспеси на Црвените дојдоа против: Манчестер сити (1-2) во 25-тото коло, Борнмут (2-3) во 23-тото коло, Челзи (1-2) во седмото коло и Кристал палас (1-2) во шестото коло.

По овој пораз, Ливерпул се наоѓа на петтото место на табелата со 48 бода, додека Вулверхемптон останува на последната 20-та позиција со 16 бода.

- Оглас -

Најнови вести