17.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Ливерпул потроши дури 300, но собра 200 милиони од продажба на играчи

Ливерпул е најактивен клуб и најголем трошач во летниот преоден рок, инвестираше стотици милиони евра за да го зајакне својот состав, но англиските шампиони сепак не трошат неразумно, бидејќи успеаја да забележат и огромни профити со продажба на фудбалери.

Според „Трансфермаркт“, Ливерпул платил 293,68 милиони евра за Флоријан Вирц, Уго Екитике, Милош Керкез, Џереми Фримпонг и Армин Пекси, а се очекува оваа сума да порасне уште повеќе ако тимот на Арне Слот ги донесе Александар Исак од Њукасл или Марк Гехи од Кристал Палас.

Од друга страна, Ливерпул ја наполни својата каса со 196,3 милиони евра од продажбата на Луис Дијаз, Дарвин Нуњез, Џарел Куанза, Квивин Келехер, Трент Александар-Арнолд, Тајлер Мортон и Нејт Филипс.

Црвените може и дополнително да ги зголемат своите приходи, бидејќи не е исклучено да заминат и други играчи како Харви Елиот, Костас Цимикас или Федерико Кјеза.

- Оглас -

Најнови вести