Ливерпул потврди: Арне Слот е нов тренер, потпиша договор на три години!

Арне Слот и официјално е назначен за нов тренер на Ливерпул. Клубот кој во изминативе осум години беше предводен од Јирген Клоп, во следните три години треба да биде под „палката“ на Слот.

Холандскиот стратег прифатил и потпишал договор со Ливерпул со важност во следните три сезони. Неговата работна обврска во новиот клуб ќе стартува од 1 јуни.

Слот доаѓа од Феенорд, каде што освои трофеи во првенството и во купот. Претходно бил тренер и во АЗ Алкмар и Камбур, каде што во 2016 година ја започна тренерската кариера.

- Оглас -

Најнови вести