Ливерпул повтори постигнување кое во историјата му успеало само на Манчестер сити

Ливерпул со 2:1 славеше на гости во Бирмингам кај Астон вила и на тој начин тимот остана во трката за титулата во Премиер лигата. Екипата предводена од Јирген Клоп сега има 86 бодови, колку што има и лидерот Манчестер сити, но Граѓаните имаат еден меч плус за играње, тој против Вулверхемптон вечерва на гости.

Садио Мане беше херојот на Ливерпул синоќа на тешкото гостување, постигнувајќи одличен гол со глава за 2:1 во 65-тата минута, што на крајот се покажа и како конечен резултат. За Мане ова беше 15-ти погодок сезонава во Премиер лигата, а со тоа Ливерпул повтори едно рекордно постигнување на Манчестер сити.

Тие станаа само втор клуб на кој му успеало во една сезона да има тројца фудбалери кои постигнале 15+ погодоци во Премиер лигата. Покрај Мане, со 15 или повеќе голови во Ливерпул сезонава се и Мохамед Салах и Диого Жота.

Претходно тоа го имаше направено само триото на Манчестер сити Јаја Туре, Серхио Агуеро и Един Џеко во сезоната 2013/14.

- Оглас -

Најнови вести