Ливерпул прави супертим – Асенсио доаѓа во јануари

Сѐ оди во нагорна линија за Ливерпул сезонава. По 17 натпревари во Премиер лигатам се наоѓаат на врвот на табелата, пласманот во нокаут-фазата од ЛШ го обезбедија откако го совладаа Наполи во клучниот меч (1-0), а викендов го уништија ривалот Манчестер јунајтед на „Енфилд“ со 3-1.

Меѓутоа, Јирген Клоп нема да застане тука, има желба да доведе едно екстра засилување во јануари, со кое тимот ќе биде уште посилен. Имено, медиумите од Островот велат дека Ливерпул ќе ги троши сите предвидени средства за Марко Асенсио, офанзивецот на Реал Мадрид. Дури е и спомената сума, наводно ќе понудат 120 милиони евра за услугите на Шпанецот.

Германскиот стратег се обиде да го откупи Асенсио изминатото лето, но како што истакна Едуардо Инда, шпанскиот новинар, Реал ја одбил понудата од 180 милиони евра. Сега европскиот првак наводно ќе се согласи да го продаде шпанскиот крилен играч, откако неговата форма драстично опадна.

До отворањето на јануарскиот фудбалски пазар има уште две недели, па останува да се чека расплетот за оваа трансфер-сага.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести