Ливерпул прими гол од соблекувална, па направи комплетен пресврт против Брајтон (Видео)

Екипата на Ливерпул забележа тешка победа од 2-1 против Брајтон на домашен терен и во најлош случај ќе остане на делба на лидерската позиција во Премиер лигата.

Со оваа победа, црвените дојдоа до 67 бодови, три повеќе од Арсенал и четири плус од Манчестер сити, кои денес ќе го одиграат меѓусебниот натпревар. Со победа на „граѓаните“ или со реми, Ливерпул ќе остане осамен на врвот од Премиер лигата.

Сепак, демешниот натпревар започна многу лошо за Ливерпул. Гостите од Брајтон после само 90-тина секунди изненадувачки дојдоа во водство од 0-1 преку Дени Велбек.

Ливерпул до крајот на првото полувреме израмни преку Луис Диас, кој беше прецизен во 27-мата минута.

Победничкиот гол за голема радост на Енфилд го постигна најдобриот фудбалер на Ливерпул, Мохамед Салах, во 65-тата минута, а само шест минути подоцна му беше поништен погодок на Диас поради офсајд.

- Оглас -

Најнови вести