Англискиот првак Ливерпул не се откажува од Александар Исаκ и покрај тоа што за 95 милиони евра го доведе Уго Екитике од Ајнтрахт Франкфурт. Њукасл не сака да ја продаде својата најголема ѕвезда, но Ливерпул е подготвен да направи сè за да го донесе во своите редови и ќе понуди сума која значително ќе ја надмине границата од 100 милиони евра.
Александер Исак од Њукасл побара неделна плата од 347.000 евра за да потпише нов договор во услови на интерес токму од Ливерпул, но и од саудискиот гигант Ал-Хилал, објавија медиумите на Островот.
Трансферот би чинел најмалку 130 милиони евра. Во сите натпреварувања Исак има постигнато 27 гола и шест асистенции на 42 одиграни натпревари за Њукасл минатата сезона. Неговиот договор со клубот важи до 30 јуни 2028 година.