Ливерпул во минатата сезона ја освои долгоочекуваната титула во Премиерлигата, а во спортот се вели дека е многу потешко да се одбрани титула, па на Црвените нема да им биде лесен патот како лани кога доминираа и рано ја имаа титулата в раце.
Тимот на Јирген Клоп одлично ја отвори и оваа сезона, ги победуваше противниците, но тогаш дојде шокантната катастрофа против Астон Вила од 2-7, реми со Евертон, тешка повреда на столбот на одбраната Вирџил Ван Дајк. Вчера Ливерпул со пресврт дојде до минимален триумф над Шефилд, па екипата на Клоп пак е на делба на првото место. Тоа не би било чудно, ако Ливерпул ја немаше најлошата одбрана во лигата.
Ливерпул сезонава прими 14 гола во шест кола, ист таков скор има само уште Фулам, а Фулам е последен на табелата. Ливерпул има дадено само еден гол повеќе од примени, и тоа е најдобар напад во лигата заедно со тој на Тотенхем. Ова е доказ дека добар напад некогаш може да покрие пропустлива одбрана, но навистина е ретко за титула да се бори тим кој има најмногу примени голови во лигата.