Ливерпул ремизираше 1:1 на гостувањето кај Фулам, во меч од 12-тото коло во Премиер лигата. Актуелниот англиски првак може дури и да биде задоволен со освоениот бод затоа што дури во 79-тата минута постигна гол со кој израмни.
Риед погоди во 25-тата минута за водство на Фулам. Лондонскиот тим беше подобар во првиот дел и по 45 минути заслужено водеше. Ливерпул, кој игра без неколку стандардни играчи, доминираше во второто полувреме, а голот го постигна од пенал.
Мохамед Салах беше прецизен од 11 метри, што е 18-ти погоден пенал во низа за Ливерпул. Дури 12 од тие пенали се постигнати од Салах. До крајот на мечот Ливерпул се обиде да направи целосен пресврт, но не успеа, иако на крајот статистиката покажа дека гостите имале 75 отсто посед на топка.
Со освоениот бод, Ливерпул само се израмни со Тотенхем, кој има 25 бода и е лидер во Премиер лигата.