(Видео) Ливерпул пропушти зицер на патот кон титулата, Тотенхем фати приклучок

Ливерпул одигра само 1-1 на домашен терен против Лестер и не успеа да искористи зицер за да ја зголеми предноста на 7 бода пред шампионот и главен ривал за титулата, Манчестер сити.

„Црвените“ поведоа рано, во третата минута со голот на Садио Мане, но англискиот репрезентативец Хари Мегваер израмни за Лестер во втората минута од судиското продолжение во првото полувреме.

До крајот немаше голови, со што Ливерпул само делумно го искористи вчерашниот кикс на актуелниот шампион, кој загуби од Њукасл со 1-2.

https://www.youtube.com/watch?v=byvHxva7A2E

Со пресврт и со головите на Сон и на Љоренте во последните 10 минути, Тотенхем го победи Ватфорд и се приклучи во битката за титулата.

Ливерпул е лидер со 61 бод, пред Сити со 56 и Тотенхем со 54 на 14 кола до крајот на Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести