Лидерот во англиското првенство, екипата на Ливерпул, вечерва на свој терен треба да направи уште еден исчекор кон тиутлата во првенството. Цели 30 години навивачите на Ливерпул чекаат да се израдуваат на шампионскиот пехар, а тоа сигурно ќе се случи оваа сезона.
Ливерпул има 19 бодови пред второпласираниот Манчестер сити и меч помалку, што значи со евентуален триумф вечерва на „Енфилд роуд“, разликата повторно ќе се врати на 22 бода. Веќе не е дилема за тоа дали Ливерпул ќе биде првак, сега во прашање се рекордите кои може да ги собори овој шампионски тим. Една таква мисија за достигнување рекорд ќе биде токму денеска.
Ливерпул има 17 победи по ред во Премиер лигата и е на еден триумф од израмнување на неверојатното постигнување на Манчестер сити од пред две и пол години. Граѓаните во периодот од август до декември 2017 година успеаја да имаат 18 победи по ред. Сега тимот на Јирген Клоп може да го израмни ова постигнување, потребна е победа против Вест хем.
На пет од последните шест меѓусебни дуели, Ливерпул победувал, а четирипати давал по четири гола. Чеканите само еднаш успеале да откинат бод и да одиграат нерешено (1:1). На Ливерпул ќе му биде потребна победа и за враќање на самодовербата по поразот од Атлетико Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите, па Салах, Мане и дружината сигурно ќе започнат фуриозно уште од првата минута.
Едноставно ова е меч на кој домаќините треба да доминираат и на крајот да стигнат до убедлив триумф, а со тоа и да го израмнат рекордот на Сити како екипи со најмногу победи во низа во првенството.
WWWWWWWWWWWWWWWWW@LFC have won their last 17 #PL matches, just one shy of the all-time record set by Man City between August-December 2017 (18)#LIVWHU pic.twitter.com/uwQ87EEJ3Z
— Premier League (@premierleague) February 24, 2020

