Ливерпул прв даде гол и потоа доби лекција од Манчестер сити (Видео)

Манчестер сити останува во трка за титулата во англиската Премиер лига, откако убедливо со 4:1 го доби дербито против Ливерпул. Со овој триумф Граѓаните стигнаа до 64 бодови и сега имаат пет помалку од лидерот Арсенал.

Мечот во Манчестер не започна добро за домаќините затоа што Мохамед Салах беше прв што се израдува. Голгетерот на Ливерпул погоди во 17 минута за предност од 1:0.

Сити брзо стигна до реми, откако Алварес погоди за 1:1 во 27 минута, што беше и резултат на полувремето.

Во вториот дел, Сити набрзина покажа зошто е шампион. Кевин Де Брујне даде гол во првата минута од вториот дел, а потоа погоди и Гундоган за 3:1 во 53 минута. Сите дилеми околу победникот ги реши Џек Грилиш со погодокот за 4:1 во 74 минута.

- Оглас -

Најнови вести