10.8 C
Skopje
петок, 7 ноември 2025

Ливерпул прв клуб што стигна до 2.000 победи, сите други се далеку зад Црвените

Триумфот на Ливерпул против Њукасл со 3:1 имаше посебно значење. За гигантот од „Енфилд роуд“ ова е јубилејна 2.000 победа во елитното натпреварување на англискиот фудбал.

Ливерпул има 19 титули во англиското пренство, а првата му е во далечната сезона 1900/1901, односно пред повеќе од еден век. Во долгата историја, Ливерпул досега има одиграно 4.227 натпревари во елитното англиско друштво и стана првиот клуб со 2.000 победи. Покрај 2.000 победи, клубот има и 1.047 нерешени и 1.180 порази, што им дава 47,3 отсто на натпревари на коишто победувале.

Најблиску до Ливерпул на оваа вечна листа во англискиот фудбал се Арсенал со 1.926 победи и Евертон со 1.872 триумфи.

На дуелот против Њукасл, Ливерпул постави и еден клупски рекорд, а тоа е дека екипата постигнува барем еден гол на последните 32 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести