Ливерпул прв пат сезонава се радуваше на гости во Премиер лигата

Мохамед Салах постигна два гола во првото полувреме и тоа беше доволно за неговиот Ливерпул на крајот да се радува на победа на гостувањето кај Тотенхем. За Ливерпул ова е прв триумф на гостински терен во првенството и тоа дури во шестиот меч.

Салах прво погоди во 11 минута, а потоа прецизен беше и во 40 минута за водство на Ливерпул од 2:0. Тотенхем во второто полувреме со голот на Хари Кејн намали на 1:2, но лондонскиот тим не успеа да се спаси од пораз.

По 13 кола, Ливерпул има 19 бодови и е на осмото место на табелата, додека Тотенхем остана со 26 бодови од 14 среди и е на четвртото место на табелата.

- Оглас -

Најнови вести