Ливерпул, ПСЖ и Јувентус треба да имаат лесни задачи

1009 Ливерпул – Астон вила (15 ч.)

Ливерпул е полн со самодоверба пред овој меч. Црвените се 14 меча без пораз во Премиер лигата (9 победи и 5 реми), што е најдолга низа без пораз во Премиер лихата во моментов. Кога игра на „Енфилд роуд“, Ливерпул има само еден пораз во последните 43 меча во првенството.

Астон вила со две победи во првите три кола одлично го отвори првенството, а тоа е тим кој негува офанзивна игра. На шест од последните седум меѓусебни дуели двете екипи постигнувале погодоци.

Предлог тип: 1 (1.70)

 

1709 Лион – ПСЖ (21 ч.)

Дерби во кое гостите се фаворити посебно откако во стартниот тим се врати Килијан Мбапе. Лион започна очајно и има само еден бод од три кола. Очајни шест порази и едно реми има Лион во последните седум средби кои ги одигра.

На пет од последните седум меча на овие екипи немало повеќе од два гола и сега може да се очекува тврд натпревар.

Предлог тип: Х2&0-3 (2.12)

 

1544 Порто – Арука (19 ч.)

Порто е со три победи во три меча, но факт е дека и Арука нема пораз во новото првенство (победа и две реми). Интересно е дека Порто сите три меча ги доби со ист резултат од 2:1, а Арука на последните пет средби и дава и прима голови.

Ако се погледне традицијата од меѓусебните дуели, Порто е доминантен и има седум победи по ред, па би било чудо ако оваа низа биде сопрена денеска.

Предлог тип: T1 1-3 I& 1-3 II (2.00)

 

3009 Емполи – Јувентус (20:45 ч.)

Емполи е единствениот тим кој нема бод и нема постигнато ниту еден гол во новата сезона во Серија А. Јувентус ќе мора да победува на ваквите гостувања ако сака да биде конкурентен за највисок пласман.

Во последните 12 дуели на овие два клуба Јувентус има 10 победи, а Емполи се радувал два пати, додека немало нерешено.

Предлог тип: 2-2 (2.65)

 

1360 Атлетико Мадрид – Севиља (18:45 ч.)

Атлетико Мадрид започна силовито посебно откако во претходното коло со 7:0 го растури Рајо Ваљекано. Јорганџиите имаат само еден примен гол и се во одлична форма, за разлика од Севиља.

Актуелниот освојувач во Лигата на Европа очајно стартуваше и нема ниту еден бод во првите три кола, па е на дното на табелата. Севиља сигурно нема да калкулира и ќе бара бодови, па затоа вреди да се игра на голови.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.96)

- Оглас -

Најнови вести