6009 Баерн Минхен – Челзи (21:00)
Баерн Минхен и Челзи последен пат играа пред малку повеќе од пет години, а тогаш Баварците на домашен терен славеа со убедливи 4-1. Нешто слично се очекува да биде и вечерва, барем кога се работи за головите. Очекувањата се дека и двете екипи ќе одиграат ефикасно, а освен што ќе се затресат двете мрежи, ќе има голови и во двете полувремиња.
Предлог тип: ГГ & 1+I & 1+II (1.83)
6010 Ливерпул – Атлетико Мадрид (21:00)
Ливерпул и Атлетико Мадрид беа во иста група во Лигата на шампионите пред четири години, а тогаш Црвените двапати победија. На „Енфилд“ беше 2-0 за Ливерпул, додека во Мадрид победија гостите со 2-3. Очекувањата се дека избраниците на Арне Слот ќе победат и вечерва, но и ќе постигнат најмалку два гола за победата, слично како што беше и пред четири години.
Предлог тип: 1 & Т1 2+ (1.79)
6011 ПСЖ – Аталанта (21:00)
Актуелниот освојувач на Лигата на шампионите, ПСЖ, настапот во новата сезона во елитното натпреварување го започнува со домашен меч против Аталанта. Овие две екипи имаат само еден меѓусебен дуел, и тоа од пред пет години и онаа ковид-сезона. Тогаш во четвртфиналето од Лигата на шампионите победи ПСЖ со 2-1, и тоа со пресврт, откако екипата од Бергамо имаше водство од 1-0 на полувремето.
Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.05)
6012 Ајакс – Интер (21:00)
Екипите на Ајакс и Интер се стари познаници. Имаат одиграно низа на меѓусебни дуели, но последниот беше во 2008 година. Ајакс чека победа над Интер уште од 2003 година, па затоа најдобро е да се одигра на голови. И двете екипи на последните натпревари кои ги одиграа имаше голеади. Ајакс во Амстердам славеше над Цволе со 3-1, а Интер загуби со 4-3 од Јувентус, па „гол-гол и 3+“ е добитна комбинација за денечниот меч.
Предлог тип: ГГ и 3+ (2.02)
6007 Олимпијакос – Пафос (18:45)
Најголемото изненадување во квалификациите на Лигата на шампионите, кипарскиот Пафос, на првиот меч од елитното натпреварување ќе гостува кај „братскиот“ Олимпијакос во Пиреја. Јасно е дека домашните се апсолутни фаворити за победата и сè освен убедлив триумф на грчкиот претставник ќе биде големо изненадување.
Предлог тип: 1 & 3+ (2.19)