Ливерпул ја продолжи извонредната форма и во градското дерби против Евертон, во кое Црвените доминираа со убедливи 5-2 и ја запишаа 14-тата победа во Премиер лигата. Актуелниот европски првак првпат во 125 години историја славеше против Карамелите во меч во кој се постигнаа седум погодоци, а голеадата се одвиваше уште во првите 45 минути.
„Енфилд“ еруптираше по шест минути игра, стрелаше Ориги, а веќе во 17-тата минута Шаќири зголеми на 2-0. Гостите се вратија преку Кејн во 21-вата минута, но се случи нова рапсодија во изведба на Ориги и Мане за 4-1 во корист на Ливерпул. Ришарлисон ги задржа колку-толку надежите за Евертон пред паузата, но ако имаше дилеми, Вајналдум ги реши пред крајот за конечни 5-2.
https://twitter.com/GolsInLive/status/1202349222433054720
Ливерпул по 15 натпревари има 14 победи и убедливо е на врвот со 43 бода, а Евертон сега е во зоната за испаѓање по претрпениот деветти пораз сезонава.