Ливерпул рутински до четвртфинале во ФА купот (Видео)

Фудбалерите на Ливерпул обезбедија пласман во четвртфиналето на англискиот ФА Куп, откако како гости го совладаа Вулверхемптон со 1-3.

Домаќините успешно се бранеа во првото полувреме, но на почетокот од второто полувреме гостите ја одработија клучната работа и си го отвориja патот кон убедлива победа.

Во 51-та минута, Енди Робертсон со прекрасен удар од околу дваесетина метри го „отклучи“ голот на домаќините за 0-1. Само две минути подоцна, Робертсон асистираше за Мохамед Салах, кој погоди за 0-2.

Кертис Џонс во 74-та минута со ефектен гол од работ на шеснаесетникот зголеми на 0-3.

Почесниот гол за Вулверхемптон го постигна Хванг Хи-Чан во судиското продолжение за конечни 1-3 на „Молинју“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести