Полека, но сигурно, веќе се наѕира новиот шампион на Англија. Ливерпул на домашен терен дојде до „рутинска“ победа над Њукасл од 2-0 и веќе има неверојатни +13 пред Арсенал.
„Црвените“ имаат и натпревар повеќе од „топчиите“, но избраниците на Артета веќе се пред невозможна мисија. Доминик Собослаи во 11-тата и Алексис Мекалистер во 63-тата минута беа стрелци на головите за Ливерпул.