Ливерпул се измачи за победа, но и понатаму е втор!

Матип и Мане му донесоа победа на Ливерпул од 2-1 на гостувањето кај Астон вила, па трката за титулата во англиската Премиер лига останува отворена и ќе трае веројатно до последното коло.

Ливерпул доби осум од последните девет лигашки мечеви со Вила, исклучок беше катастрофата од 2-7 во минатата сезона.

Сега Ливерпул има еднаков број бодови со Манчестер сити, но Сити е прв со подобра гол-разлика и плус Граѓаните имаат еден меч помалку. Ливерпул има тројца различни играчи кои сезонава дадоа барем 15 гола.

- Оглас -

Најнови вести