Ливерпул после испаѓањето од Плимут во ФА купот, но и киксот против градскиот ривал Евертон, конечно им се врати на победите, иако многу потешко од очекуваното. Вулверхемптон се покажа како незгоден ривал, но победата на крајот им припадна на „црвените“ со 2-1. За Ливерпул ова е петта победа по ред во дуелите против Вулвехемптон, со што ја вратија предноста од седум бода пред Арсенал на табелата во Премиер лигата.
Луис Диас во 15-тата минута го донесе Ливерпул во водство од 1-0, додека Мохамед Салах во 37-мата минута од пенал зголеми на 2-0. Конечните 2-1 ги постави Матеус Куња во 67-мата минута.