Ливерпул се подготвува за ерата по Салах, неговата замена ќе пристигне од Франција?

Млад француски репрезентативец треба да биде замената за Мохамед Салах во Ливерпул, барем според медиумите од Островот. Црвените се очекува налето да тргнат по потписот на 21-годишниот Мохамед-Али Чо од екипата на Ница. Неговата моментална вредност е само 12 милиони евра, а има договор до 2028 година, па оваа сума нема да претставува поголем проблем за екипата од „Енфилд“.

Чо е младински репрезентативец на Франција, а неговата кариера има интересен тек. Во младинските категории настапуваше за ПСЖ и за Евертон, а сениорското деби го имаше за екипата од Анже. Од таму беше продаден на Реал Сосиедад за 13 милиони евра, а од таму премина во Ница за 10 милиони евра.

Договорот на Мохамед Салах со Ливерпул истекува на крајот од оваа сезона и во моментов нема информации околу неговото продолжување, па очигледно раководството на Црвените веќе ги разгледува опциите за негова замена.

- Оглас -

Најнови вести