Ливерпул без проблеми, со убедливи 5:1 славеше на гостувањето кај Спарта Прага во првиот меч од осминафиналето и англискиот гигант само рутински ќе треба на реваншот пред своите навивачи да го потврди пласманот во следната фаза.
Убедливата победа во Прага има посебно значење за тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, затоа што германскиот стратег може да се пофали дека под негово водство, англискиот гигант ја проби границата од 1.000 постигнати голови.
Погодокот на Давид Нуњес за 2:0 беше јубилеен 1.000 погодок за Ливерпул под водство на Клоп во сите натпреварувања. Германскиот стратег дојде на клупата на тимот од „Енфилд Роуд“ во 2015 година, а на крајот од оваа сезона тој ќе си замине од клубот и тоа со еден редкор рекорд, а тоа се 1.000 погодоци на тимот кој тој го предводел.
View this post on Instagram