Ливерпул се пофали со потписот на светскиот првак

Аргентинскиот репрезентативец Алексис Мекалистер и официјално е нов играч на Ливерпул. Фудбалерот кој минатата сезона го носеше дресот на Брајтон, пристигна на „Енфилд роуд“ како прво засилување за новата сезона.

„Чувството е неверојатно. Ова е остварување на сонот. Неверојатно е тоа што сум тука, едвај чекам да почнам. Сакав да се вклопам во новата екипа уште во периодот пред сезоната и добро е што сите формалности ги завршивме. Се радувам на средбата со новите соиграчи“, рече Мекалистер, кој имаше фантастична сезона во Брајтон и токму тоа беше главната препорака да направи трансфер во англискиот гигант.

Пред да игра во Брајтон, Мекалистер беше фудбалер на Бока јуниорс и Аргентинос јуниорс, каде што и ја започна кариерата. Тој е и аргентински репрезентативец. Има 16 настапи, а беше дел и од златната генерација која минатата година стана светски првак на Мундијалот во Катар.

Трансферот во Ливерпул чини околу 42 милиони евра, а останатите детали дополнително треба да бидат обелоденети.

- Оглас -

Најнови вести