Ливерпул се специјализираше за победи со пресврт, Салах мајстор за асистенции (Видео)

Ливерпул како гостин го совлада Вулверхемптон со 3-1, што за Црвените е четврта победа сезонава во Премиер лигата, а трета со направен пресврт после резултатска негатива од 0-1 и втора со „еден во два“ пресврт.

Волците поведоа уште во 7-ма минута, но Гакпо во 55-та израмни, а Робертсон даде клучен гол во 85-та за гостите, додека точка стави резервата Елиот во судиското продолжение.

Мохамед Салах беше асистент при сите три голови за Ливерпул, а Шкотланѓанецот Енди Робертсон со гол и победа го прослави носењето на капитенската лента и својот 200-ти настап за Црвените.

Ливерул нема премиерлигашки пораз од 1 април наваму, а ова им е прва победа во меч кој се играл во саботниот термин од 13.30 часот, досега имаа шест меча во овој термин без триумф.

Ова е голот на Робертсон за 2-1:

- Оглас -

Најнови вести