Ливерпул се врати на победите и на врвот од Премиер лигата

Ливерпул повторно е лидер во Премиер лигата, откако без поголеми проблеми славеше против Борнмут со 3:0 во меч од 26. коло. Насмевките на навивачите на „Енфилд Роуд“ се вратија уште во првото полувреме, кога погодија Мане и Вијналдум. Победата на Ливерпул беше потврдена на стартот на второто полувреме, кога погоди Мохамед Салах. Со оваа победа, Ливерпул сега има 65 бодови, три повеќе од Манчестер сити.

Денеска во Англија се појави информација дека супер компјутер пресметал дека Ливерпул ќе биде новиот првак на Англија и дека ќе победи на сите средби до крајот. 

Вредна победа забележа и Арсенал на гости кај Хадерсфилд од 2:0. „Топчиите“ уште во првото полувреме два пати ја затресоа мрежата на домаќините и стигнаа до 50 бодови, еден помалку од Манчестер јунајтед, кој е на посакуваната четврта позиција.

Резултати: Фулам – Манчестер ј. 0:3, Кристал Палас – Вест хем 1:1, Хадерсфилд – Арсенал 1:2, Ливерпул – Борнмут 3:0, Саутемптон – Кардиф 1:2, Ватфорд – Евертон 1:0.

 

 

- Оглас -

Најнови вести