Ливерпул сепак ќе загуби еднаш сезонава, Англичаните најавија и кога

Ливерпул има серија од 39 натпревари по ред без пораз во Премиерлигата, на свој терен не загубил на последнитe 52 меча, има 30 победи и една нерешена во последните 31 средби во англиското првенство и бега цели 16 бода во однос на Манчестер сити и 30 пред Манчестер јунајтед, притоа и со еден меч помалку.

Ова се неверојатни бројки кои ги има тимот на Јирген Клоп, титулата нема како да им побегне и сега се во трка со рекордите по бројот на бодови.

Ливерпул може да стане и вториот тим по Арсенал кој цела сезона во Премиерлигата ја завршил без пораз, но има една статистика која најавува дека можеби тоа и нема да се случи и дека сепак Црвените е загубат. Оваа сезона, Ливерпул загуби двапати, во Лигата на шампионите и Карабао купот, и двата меча се играа на 17-ти. Едниот во октомври, другиот во декември. Наредниот меч кој Ливерпул треба да го игра на 17-ти во месецот е оној на 17 мај, во последното коло на гости кај Њукасл. Ако 17-ката е несреќен број за Ливерпул, тогаш тие ќе загубат на „Сент Џејмс парк“ во последното коло.

- Оглас -

Најнови вести