Ливерпул сезонава ќе напаѓа дури седум трофеи

Најдобрите англиски тимови од минатата сезона, Манчестер сити и Ливерпул, утре ја отвораат сезоната со популарниот Комјунити шилд, а за „црвените“ е интересно што претстојнава сезона ќе биде многу напорна и ќе одиграат минимум 50, а максимум 67 меча во рок од 300 дена, што значи играње натпревари на секои четири и пол дена.

Ливерпул во следните десет месеци, ќе учествува во дури седум различни натпреварувања: Комјунити шилд, европски Суперкуп, Светско клупско првенство, Лига на шампиони, Премиерлига, ФА куп и Карабао куп. Најпроблематичен ќе биде декември со најмалку осум средби, бидејќи ќе треба да патуваат и до Катар.

Ако „црвените“ на Јирген Клоп стигнат до финалето во сите куп натпреварувања кои се играат по систем на елиминации, Ливерпул ќе треба да игра на дури 67 меча. Може да стигнат и до бројка од 71 меч, ако во групите од ЛШ биде третопласиран и потоа стигне до финалето на Лига Европа, и ако во ФА купот треба да игра втори натпревари во третото и четвртото коло.

Секако најтешко ќе им биде конечно после 30 години да ја освојат Премиерлигата и да ја одбранат титулата во ЛШ. Финалето во ЛШ е во  Истанбул, градот од кој имаат убави спомени од 2005 година.

Англија е единствената земја во Европа чии клубови може да играат во седум натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести