28.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Ливерпул си закажа финале против Челзи во натпреварувањето во кое не се користи ВАР

Ливерпул ќе биде противникот на Челзи во финалето на англискиот Лига куп, натпреварување во кое не се користи ВАР-технологија.

Во второто полуфинале Ливерпул го елиминира Фулам. Вечерва во Лондон, Фулам и Црвените одиграа 1-1, а понатаму оди тимот на менаџерот Јирген Клоп затоа што првиот дуел го доби со 2-1. Фулам го бркаше своето прво финале, но немаше сили за подвиг.

Финалето помеѓу Ливерпул и Челзи ќе се одржи на 25 февруари на „Вембли“ во Лондон. Ливерпул ќе оди по рекордна десетта титула во Лига купот, последен пат ова натпреварување го освоија во 2022 година, кога на пенали славеа токму над Сините. Челзи има пет трофеи во овој куп, последниот во 2015 година.

- Оглас -

Најнови вести