1009 Барнли – Ливерпул (21.15 часот)
Ливерпул мора да победи ако сака место во ЛШ за следната сезона. За Барнли мечот нема значење, тоа е фајтерски тим кој ретко игра нерешено и изненади многу фаворити, но овојпат Црвените се пред императив и веруваме дека ќе ја извојуваат четвртата победа по ред. За Ливерпул хендикеп е неиграњето на Жота и што ќе има публика на трибините. Ливерпул на последните три меча даде осум гола и ќе сака да се реваншира за домашниот пораз од Барнли во јануари. Барнли дома не победил од 27 јануари.
Предлог тип: 2-2 & 2+ (1.90)
1010 ВБА – Вест хем (21.15 часот)
ВБА веќе е испаднат, па ќе сака на достоен начин да се прости од публиката и нема лесно да му се предаде на Вест хем. Чеканите се во криза, добија само еден меч во последните пет кола и затоа паднаа на седмото место. ВБА повеќе од еден месец нема победа, мотивите се на страната на Вест хем. Од 2017 година наваму, сите меѓусебни мечеви на овие тимови завршувале или нерешено или со минимална победа од еден гол-разлика.
Предлог тип: Х2 & 2-4 (1.83)
1731 Монако – ПСЖ (21.15 часот)
Ова е финале на Купот на Франција и пресметка на два тима кои уште имаат теоретски шанси да ја освојат шампионската титула во првенството. На Монако му треба чудо во лигата, затоа фокусот им е насочен кон пехарот во купот. Тимот на Нико Ковач е незгоден и нема да биде изненадување ако победи. За ПСЖ хендикеп е неиграњето на Верати, Нејмар и Кимпембе. Во февруари, Монако победи во Париз со 2-0, есеноска во Монте Карло беше 3-2, па Светците можеби во третиот дуел со Монако сезонава конечно ќе победат.
Предлог тип: ГГ (1.64)
3148 Динамо Загреб – Истра 1961 (20.00 часот)
За Истра и самиот пласман во финалето е успех, нема што да загубат, а може многу да добијат. Динамо е првак и оди по двојна круна, тие се најсилен тим во Хрватска, па големо изненадување би било ако не го освојат и купот. Средбата се игра на неутрален терен во Велика Горица. Истра има серија од пет меча по ред со 0-2 гола. Овие два тима играа меѓу себе и пред еден месец во Загреб, победи Динамо со 1-0. Истра на последните шест дуели нема дадено гол против Динамо.
Предлог тип: 1 & 2-4 (1.64)
3051 Аталанта – Јувентус (21.00 часот)
Финалето на Купот на Италија е многу значаен меч за двата тима бидејќи им е шанса за освојување трофеј. Мечот се игра во Реџо Емилија. На Јувентус сезоната му зависи од два меча на Аталанта, вечер сакаат да ја победат, а потоа ќе навиваат за нив против Милан. Аталанта од 8 март наваму не загубила од италијански тим, а тогаш им беше и последен меч на кој не дадоа гол. На 18 април Јуве загуби во Бергамо со 0-1, додека зимоска во Торино беше 1-1. Голови сигурно ќе има со оглед на ефикасноста, особено на Аталанта.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.74)