Ливерпул, Сити и Челзи продолжуваат со мисијата

За прв пат во историјата на Премиер лигата, по 11 одиграни кола има дури три екипи кои се без пораз. Речиси и да не се памти кога било последен пат во елитната англиска лига, три екипи да немаат пораз и по 12 одиграни меча. Тоа денеска ќе се обидат да го направат Ливерпул, Челзи и Манчестер сити. Сите три клуба имаат „домашна задача“.

Ливерпул на „Енфилд Роуд“ го пречекува Фулам во меч во кој речиси е јасно дека домаќините ќе победат. Во последните четири меѓусебни средби, Ливерпул се радувал и тоа во натпревари на кои имало барем по четири погодоци. Тоа значи дека најреално е да биде „кец“ со многу голови.

Без двоумење и Челзи против Евертон е фаворит. Кога игра на „Стемфорд Бриџ“ и против поголеми ривал, Челзи оди на три бода, па сигурно така ќе биде и против „карамелите“, од кои немаат пораз на последните пет меѓусебни дуели.

Според противникот кој го имаат, Манчестер сити треба да има најтешка задача. Актуелниот првак на свој терен го пречекува градскиот ривал Манчестер јунајтед. Иако се работи за градско дерби, речиси и да не се памти кога Сити до толку бил фаворит во еден ваков меч.

Ако се гледаат коефициентите, реално е водечката тројка во Англија да прокнижи нови три бода по денешните средби.

 

 

- Оглас -

Најнови вести