Ливерпул слави: рекордна посета на „Енфилд“ и враќање на прво место

Ливерпул го победи Барнли со 3-1 за враќање на првото место на табелата во Премиер лигата, а Црвените имаа и друга причина за славје, денеска на трибините на „Енфилд“ се собраа 59.896 гледачи, што е рекордна посета за еден лигашки натпревар на овој легендарен стадион.

Капацитетот ќе се зголеми, а и кога ќе нема многу гостински фанови, ќе нема потреба за толку празни места за одвојување на домашните и гостите, па рекордот веројатно ќе подобрува и ќе дојде ден кога ќе има и над 60.000 гледачи на трибините.

Ливерпул сега е на два бода предност пред Манчестер сити, првакот има и еден меч помалку. Следниот викенд Ливерпул игра пред Сити, па разликата може да стане и пет бода, со тоа што Граѓаните ќе имаат два меча помалку, од кои едниот в сабота со Челзи.

 

- Оглас -

Најнови вести