-2.2 C
Skopje
сабота, 10 јануари 2026

Ливерпул со 50 милиони евра ќе ја бара замената за Салах во Барселона

Мохамед Салах во моментов со репрезентацијата на Египет настапува на Африканскиот куп на нации, но неизвесно е дали ќе се врати во Ливерпул, но и ако се врати, сепак, налето веројатно ќе си замине по конфликтот кој го имаше со тренерот Арне Слот и раководството на клубот.

Токму затоа „црвените“ веќе се подготвуваат за ерата после Египќанецот и интензивно се во потрага по неговата замена. Ливерпул планира да испрати понуда до Барселона за услугите на крилниот напаѓач, Рони Барџи, во кого гледаат идеална замена за Салах.

Доколку тоа се случи, тогаш „каталонците“ ќе имаат неверојатна заработка за фудбалерот кој минатото лето го купија за само 2,5 милиони евра од дански Копенхаген.

- Оглас -

Најнови вести