Ливерпул со два гола за три минути го замолкна „Олд трафорд“ по првиот дел (Видео)

Ливерпул има предност од 2:1 против Манчестер јунајтед по првото полувреме во најголемото дерби на англискиот фудбал кое се игра во рамки на четвртфиналето од ФА Купот. Црвените до водството дојдоа со пресврт во последните минути од првиот дел, постигнувајќи два гола во 44-тата и во 45+2 минута.

Манчестер јунајтед поведе уште во 10-тата минута со голот на Скот Мектомини откако најдобро се снајде во петерецот на Ливерпул по одбиената топка од голманот Келехер.

Ливерпул во 38-та минута постигна гол преку Ватару Ендо, но беше поништен поради офсајд.

Сепак, во последните моменти од првото полувреме Ливерпул направи пресврт давајќи два гола.

Прво, Црвените ѓаволи дозволија Куансах да се прошета до шеснаесетникот на Онана, потоа да му додаде на Дарвин Нуњес кој потоа го проигра Мекалистер кој погоди за 1:1.

Во последните моменти од првиот дел, Ливерпул направи целосен пресврт со голот на Мохамед Салах.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести