5.8 C
Skopje
сабота, 31 јануари 2026

Ливерпул со гол од пенал го победи Интер, Кунде направи нешто незамисливо за Каталонците во Лигата на шампионите (Видео)

Барселона се намачи во дуелот против Ајнтрахт Франкфурт, но на крајот победи со 2:1 во меч од шестото коло во Лигата на шампионите. За Барселона ова беше прв натпревар на „Камп ноу“ во ЛШ по пауза од 1.140 дена, а на крајот домаќините имаа еден неочекуван херој во името на Жил Кунде.

Ајнтрахт Франкфурт водеше со 1:0 на полувреме, а потоа во вториот дел на сцена стапи Кунде. Дефанзивецот на Барселона во 50-тата минута втрча во противничкиот шеснаесетник и со глава погоди за 1:1.

Само три минути подоцна, повторно Кунде и повторно со глава го матира голманот на Ајнтрахт. Со овој погодок Кунде стана првиот играч во историјата на Барселона што на еден натпревар од Лигата на шампионите постигнал два погодоци со глава. Вториот гол на Кунде може да го видите ТУКА.

Ливерпул минмално со 1:0 го победи Интер на „Џузепе Меаца“. Клучниот момент се случи во финишот на средбата, кога беше досуден пенал за гостите, и тоа по консултација со ВАР-системот. Доминик Собослај беше прецизен од белата точка за победа на Ливерпул.

Во останатите мечеви кои се играа денеска во ЛШ: Аталанта – Челзи 2:1, Монако – Галатасарај 1:0, ПСВ – Атлетико Мадрид 2:3, Ројал Унион – Олимпик Марсеј 2:3, Тотенхем – Спарта Прага 3:0, Каират Алмати – Олимпијакос 0:1, Баерн Минхен – Спортинг Лисабон 3:1.

 

- Оглас -

Најнови вести