Ливерпул со 2:0 го победи Атлетико Мадрид и ја задржа перфектната низа во Лигата на шампионите. Само по четири кола, англискиот гигант не само што го обезбеди пласманот во нокаут-фазата, туку тимот на Јирген Клоп на крајот од групната фаза сигурно ќе заврши како прв.
Диого Жота и Садио Мане погодуваа уште во првите 20-тина минути, а водството од 2:0 го задржаа до крајот. Оваа победа над Атлетико Мадрид има историско значење за Ливерпул. Гигантот од „Енфилд роуд“ ја има најдобрата серија во својата 129-годишна историја.
Тимот нема пораз на последните 25 меча во сите натпреварувања. Со 18 победи и седум нерешени, фудбалерите на Клоп поставија рекорд, кој може да го подобрат на следниот предизвик. Последниот пораз на Ливерпул беше на 6 април, во четвртфиналето од Лигата на шампионите, од Реал Мадрид.
„Одигравме перфектен меч. Во вистински моменти постигнавме голови, а во одбраната бевме добри. Честитики за Трент кој имаше две одлични асистенции“, задоволно по победата над Атлетико, коментираше тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.
25 – Liverpool are now unbeaten in 25 matches in all competitions (W18 D7), their joint-longest such run since they joined the Football League in 1893 (also a run of 25 in 1982). Mentality. pic.twitter.com/THYry4vCx6
— OptaJoe (@OptaJoe) November 3, 2021