29.8 C
Skopje
понеделник, 1 септември 2025

Ливерпул со нова победа остана максимален во ЛШ, Динамо и Ристовски до бод против Селтик (Видео)

Само еден гол беше постигнат на првите два меча од Лигата на шампионите. Ливерпул останува единствената максимална екипа во новиот формат на Лигата на шампионите откако со минимални 0-1 славеше на гостински терен против Жирона, која настапи без нашиот Бојан Миовски.

Единствениот гол за Црвените беше дело на Мохамед Салах во 63-тата минута од пенал.

Стефан Ристовски како капитен го предводеше Динамо Загреб до реми без голови, 0-0, против Селтик на домашен терен. Шампионот на Хрватска со ова реми дојде до осмиот бод во Лигата на шампионите и останува во одлична позиција да ја мине групната фаза.

- Оглас -

Најнови вести