Ливерпул потешко од очекувањата стигна до победа од 3:1 на „Енфилд роуд“ во дуелот против Саутемптон, во меч од 28 коло. Со овој триумф Ливерпул стигна до 70 бодови сезонава потврдуваји го лидерското место на табелата со дури 16 бодови повеќе од второпласираниот Арсенал, кој има одиграни и два меча помалку.
Од друга страна, Саутемптон останува закован на дното од табелата со само девет бодови и само чудо може да се случи за овој тим да не испадне од елитното друштво на крајот од сезоната.
Саутемптон водеше по првиот дел, откако во 45+1 минута гостите постигнаа гол за 0:1.
Ливерпул започна фуриозно во вториот дел и брзо направи пресврт. Во 51 минута Давид Нуњес погоди за 1:1, а само три минути подоцна, Мохамед Салах погоди од пенал за водство на Ливерпул од 2:1.
Liverpool [1] – 1 Southampton – Darwin Nunez 51’
byu/JefinLuke inLiverpoolFC
До крајот на мечот, Салах повторно од пенал стрелаше прецизно за конечни 3:1 за Ливерпул.
Во останатите мечеви кои се одиграа во Премиер лигата, Брајтон – Фулам 2:1, Кристал Палас – Ипсвич 1:0 и Нотингем Форест – Манчестер сити 1:0.