Ливерпул со шокантен трансфер, доведе фудбалер на Јувентус!

Јувентус уште пред извесно време најави дека во новата сезона нема да смета на Артур Мело и беше очекувано тој да си замине, но неочекувано е тоа дека фудбалерот кариерата ќе ја продолжи во Ливерпул.

Двата европски гиганти постигнале договор за Мело и Бразилецот до крајот на сезоната ќе игра како позајмен играч во Ливерпул. Доколку бидат задоволни од играчот за врска, англискиот клуб ќе има можност да го откупи неговиот договор следното лето.

Бразилецот денеска треба да ги одработи лекарските прегледи во Ливерпул и договорот да биде комплетиран. Мело во Јувентус дојде во 2020 година, но минатата сезона не ги оправда очекувањата на тренерот Максимилијано Алегри и го загуби местото во стартниот тим.

- Оглас -

Најнови вести