Веќе неколку дена се пишува дека Барселона сериозно размислува во своите редови да го доведе Мохамед Салах, откако фантастичниот фудбалер никако да ги договори условите за останување на Ливерпул.
Сепак, англискиот великан им подготвува контраудар на Каталонците бидејќи наводно се заинтересирани за мегаталентот Гави. Добро упатените новинари во Барса велат дека Ливерпул на Гави му нуди договор од шест милиони евра по сезона, чиј договор, исто така како и на Салах, му истекува во 2023 година.
Но, проблемот за Барса да биде уште поголем е тоа што 17-годишниот фудбалер има откупна клаузула од 50 милиони евра, што во денешно време претставува ситница за гигантите.
Останува да се види дали Гави ќе остане на „Камп ноу“ или пак својата кариера за којашто најавуват дека ќе биде блескава, ќе ја продолжи на некое друго место.