Ливерпул во следните 365 дена ќе стои на врвот на Европа, вчера ја освоија шестата тиула во клупската историја по победата над Тотенхем од 2-0 во финалето кое се одигра во Мадрид. Црвените на тој начин резервираат билет за настап во Европскиот Суперкуп, каде на 14 август ќе ги одмерат силите со освојувачот на Лигата на Европа, тимот на Челзи.
Сепак, и со освоената титула во Лигата на шампионите, Ливерпул нема да има шанса да се бори и за трофејот во Светското клупско првенство. Тоа е поради измените кои ги направи ФИФА – Светскиот клупски собир од сега ќе се игра на секои четири години, наместо како што беше досега секоја година.
Тоа значи дека следното првенство во кое треба да се појават најдобрите екипи од Европа, Азија, Африка, Јужна Америка и Централна Америка, ќе се одржи во 2021 година.