21.8 C
Skopje
петок, 15 август 2025

Ливерпул стана прв тим кој му дал 9 гола на Манчестер јунајтед во една иста сезона

Мохамед Салах, Садио Мане и Луис Дијас ги даваа головите, сите тројца имаа и асистенции, заедно со плејмејкерот Тијаго Алкантара беа творци на победата на Ливерпул од 4-0 над Манчестер јунајтед.

Ливерпул со новите три бода привремено се искачи на чело на табелата во Премиер лигата, а испиша и историја бидејќи досега се немаше случено некој тим да постигне повеќе од седум голови на двата меча во првенството против Јунајтед. Есеноска беше 5-0, вечерва 4-0, па новиот неславен рекорд на Црвените ѓаволи е 0-9 против некој тим во една иста сезона.

Салах е првиот фудбалер кој дал пет гола во една сезона против Манчестер јунајтед.

Ливерпул има серија од осум премиерлигашки мечеви без пораз од Јунајтед, а тимот од Манчестер на пет од последните шест гостувања во Ливерпул не успеа да постигне гол.

- Оглас -

Најнови вести